Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток носи значителни економски последици за Европејците поради зависноста на ЕУ од увоз на фосилни горива.

– Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 проценти – изјави Фон дер Лајен во говор пред Европскиот парламент во Стразбур.

Според неа, за само десет дена војна европските даночни обврзници платиле дополнителни три милијарди евра за увоз на фосилни горива.

– Тоа е цената на нашата зависност – истакна Фон дер Лајен.

Таа додаде дека Европската комисија разгледува дополнителни мерки за намалување на сметките за енергија, вклучително и ограничување на цените на бензинот. Фон дер Лајен нагласи дека и покрај напорите за диверзификација на снабдувањето, ЕУ останува ранлива на ценовни шокови сè додека значителен дел од фосилните горива ги увезува од нестабилни региони.