Европската комисија одлучи да побара од Судот на правдата на Европската Унија да ` наложи на Унгарија да плати казна поради непочитување на одлуката на Судот за правилата на Унијата за азил и враќање на мигрантите.
На 17 декември 2020 година, Судот на правдата на Европската Унија утврди дека унгарското законодавство за правила и практики во транзитните зони лоцирани на границата меѓу Србија и Унгарија е спротивно на правото на Европската Унија.
Унгарија сè уште не ги испочитувала неколкуте аспекти од пресудата. Конкретно, Унгарија не ги презеде потребните мерки за да обезбеди ефективен пристап до процедурата за азил, пишуваат медиумите.
Аналзиираат дека Унгарија не ги има разјаснето условите во врска со правото да се остане на државната територија во случај на жалба за азил кога не се работи за кризна ситуација предизвикана од масовна имиграција.
Со оглед на натамошното непочитување на пресудата на Судот, Комисијата издаде формално предупредување до Унгарија на 9 јуни 2021 година и сега бара од Судот да биде изречена еднократна парична казна и дневни парични казни.