Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја прави значителни чекори на полето на одбранбената индустрија, а процентот на домашното производство во оваа област е зголемен од 20 на 80 отсто, пренесуваат турските медиуми.
-Ние (Турција) сме една од првите три земји во светот во технологијата на беспилотни летала – рече Едроган, обраќајќи им се на насобраните граѓани во турскиот град Испарта.
Истакнувајќи дека до вчера Турција имала одбранбена индустрија која речиси целосно зависи од странски извори нагласи и дека „ја зголемиле стапката на локално производство од 20 на 80 отсто“.
-Не ни даваа обични пиштоли, но сега има побарувачка за нашите домашни пиштоли од целиот свет. Сега сме меѓу водечките светски извозници во таа област – додаде Ердоган.