Фото: принтскрин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече денеска убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија „гнасен чин“ чија цел е поткопување на палестинската кауза.

– Остро го осудувам и го проколнувам „предавничкото убиство на шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханија во Техеран. Убиството на Ханија има за цел да ја скрши волјата на палестинскиот народ, но „ционистичкото варварство“ нема да ги постигне своите цели – рече Ердоган.

Ханија беше убиен во воздушен напад врз неговата резиденција во главниот град на Иран.