Експлозија на гас што ја потресе населбата Порт Ричмонд во Филаделфија, град на североистокот на САД, предизвика уривање на две куќи и загрозување на структурата на трета зграда, соопшти локалната полиција.
Експлозијата одекнала околу 2.30 часот, јави Си-Би-Ес.
– Тоа беше како видео игра. Урнатини насекаде. Целата куќа спроти нас беше урната. Некако истрчавме таму и се уверивме дека се е во ред. Ги отстранивме урнатините и се погриживме сите да излезат. Малку е страшно затоа што никогаш не знаеш што може да најдеш – изјави очевидец од соседството.
Полицијата потврди дека три лица се пренесени во болница. На снимките од местото на настанот објавени на Твитер се гледа степенот на несреќата, а сведоци од соседството потврдија дека од силината на детонацијата целата населба се тресела.