Судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое уби деветмина негови врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3-ти мај минатата година, треба да заврши денеска со излагање на завршните зборови во Судот во Белград. По излагањето на завршните зборови, судот ќе го закаже изрекувањето на пресудата.
Пред завршните зборови, планирано е да се испита една од жртвите и да се прочитаат преостанатите писмени докази. Обвинителството неодамна го прошири обвинителниот акт со кој Владимир Кецмановиќ го товари за кривично дело тешко дело против општата безбедност, додека мајката за кривично дело недозволено држење и носење оружје. Проширениот обвинителен акт уследи по распитот на малолетниот извршител на убиството К.К., а Кецмановиќи се товарат за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ, јавува Танјуг.