Фото: принтскрин

Спасувачите во Турција успеаја да извлечат постар маж од урнатините 227 часа по разорниот земјотрес.

Ќамил Кекец (74) денеска беше извлечен од уништената зграда во која беше заробен од 6 февруари кога разорниот земјотрес ја погоди Турција.

Тој итно бил пренесен во болница и засега нема информации за неговата здравствена состојба.

Повеќе од 41.000 луѓе загинаа во земјотресот во Сирија и Турција.