Американскиот центар за контрола и превенција на болести го подигна нивото на тревога поради мајмунски сипаници и препорача носење маски за време на патување, но предупредува дека не се работи за исто ниво на загриженост како за ковид-19.
Симптомите на мајмунски сипаници прво се слични на грипот, а потоа пациентите развиваат болен осип и лезии и отечени лимфни јазли.
Периодот на инкубација меѓу изложувањето и појавата на првите симптоми може да трае од пет до 21 ден, според Светската здравствена организација.
Случаи на мајмунски сипаници се пријавени на сите континенти освен на Антарктикот.
– Потврдени се некои случаи кај мажи кои имаат секс со мажи. Некои случаи се потврдени кај луѓе кои живеат во исто домаќинство со заразено лице-соопшти ЦДЦ.
Експертите велат дека голем број сексуално преносливи инфекции имаат слични симптоми и оти реалниот број на заразени со мајмунски сипаници може да биде поголем.
Според ЦДЦ, во САД досега се пријавени 31 случај на мајмунски сипаници.