Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека предусловите за влез на Украина во НАТО може да се дефинираат само по завршувањето на војната.
– Најважно за Украина е да победи. Условите за завршување на војната за агресија, која е спротивна на меѓународното право, можат да ги утврдат само Украинците. Ќе ја поддржуваме Украина се додека е неопходно да се одбрани од бруталниот руски напад – изјави Писториус во интервју за полски весник.