explosion in Iran
Фото: ЕПА

Бројот на жртви од големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800, додека шест лица се водат како исчезнати – изјави началникот на одделот за управување со вонредни состојби во иранската покраина Хормозган, Мехрдад Хасанзаде.

Претходно беше објавено дека загинале 14 лица, а 752 се повредени.

Портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата.

Силна експлозија избувна вчера во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас. Пристаништето главно прима контејнери, но има и резервоари за нафта и други петрохемиски инсталации.