Фото: Вагнер/Tвитер

Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека борци на паравоената група Вагнер обучуваат белоруски војници во камп во близина на градот Осиповичи.

Во соопштението објавено на „Телеграм“, се наведува дека борците на паравоената група се инструктори на серија воени вежби.

– Регрутите ги совладуваат вештините за преместување на бојното поле и тактичкото гаѓање и стекнуваат знаења за инжењерска обука и тактичка медицина – соопшти белоруското министерство.