Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот борбен авион, познат како ТФ-Х, ќе се вика „КААН“.
– Турција сега е присутна на секое поле – на копно, на морето и под морето, во воздухот и во вселената – рече Ердоган за време на настанот наречен „Векот на иднината“, организиран од Турската авијациска индустрија (ТАИ).
Авионот „КААН“ од петтата генерација го разви ТАИ, со цел да ја замени застарената флота на турската војска Ф-16, јави Анадолија.
– Со ова летало Турција ќе стане една од петте земји кои имаат ваков тип на технологија. Иднината е на небото. Затоа денес велиме иднината – додаде Ердоган.
Денешниот ден, Ердоган го оцени како историски за Турција.
Авионот, за кој проектот започна во 2016 година, беше завршен во март.