Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2022 година, белорускиот адвокат за човекови права Алес Бијаљацки пред околу еден месец беше префрлен во озлогласениот затвор во Белорусија и оттогаш ништо не се знае за него, изјави неговата сопруга Наталија Пинчук.
Бијалијачки издржува десетгодишна затворска казна, а според неговата сопруга, нема информации за него откако е префрлен во казнено-поправниот дом Н9 во градот Горки, каде се наоѓаат повеќекратни прекршители на законот.
-Властите му создаваат неподносливи услови на Алес и го држат во строга информативна изолација. Не сум добила ниту едно писмо од него веќе еден месец, ниту тој добил писмо од мене – рече Пинчук.
Бијаљацки во март годинава беше осуден поради наводни финансиски малверзации со кои го нарушил јавниот ред и мир и поради наводен шверц.
Пресудата против него е една од последиците на задушувањето на масовниот протест против претседателот Александар Лукашенко во 2020 година.
Бјалијачки беше уапсен во 2021 година и оттогаш е зад решетки.