Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Европскиот парламент во Стразбур денеска најави дека неговата земја е подготвена да прими бегалци доколку тоа е потребно во знак на солидарност со ЕУ.
-Без разлика на тоа што Црна Гора не е на рутата на бегалците сакам да информирам дека сме подготвени за тоа, со потполна спремност на инфраструктурите, доколку миграцискиот процес продолжи и дојде до промена на рутата – рече Ѓукановиќ.
Црногорскиот претседател не рече која е точната бројка на бегалци која Подогорица е подготвена да ја прими, но изјави дека е во контакт со италијанските власти на таа тема.