Лидерот на грчката опозиција Алексис Ципрас го повикува премиерот Кирјакос Мицотакис да го отповика законскиот акт за затворените центри, да ги повлече специјалните полициски единици од островите и да ги прекине градежните работи за „изградба на затвори“.
– Не може да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија – вели лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во изјавата за последните случувања на Лезбос и Иос, како и за владината политика во мигрантското прашање.
СИРИЗА, како одговорна опозиција, е подготвена да поддржи создавање и спроведување на националниот план за управување со бегалската и мигрантската криза, додаде Ципрас.
– Со дијалог со локалните заедници да ги растовариме нашите острови. Но ако инсистира на безизлезни и авторитарни избор, ние нема да имаме друг избор освен да сме наспроти владата, а заедно со нашите сограѓани на островите, кои со право се борат и се спротивставуваат. Бидејќи не можеш да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија – рече Ципрас.