Холандија, преку својата Амбасада во Тирана, побара од албанските власти поконкретни резултати во борбата против криминалот и корупцијата.
Честитајќи и на земјата за напредокот и реформите, како што се наведува во денешното соопштение од Амбасадата, сега постои водич за продолжување на патувањето до јуни 2019 година.
– Подготвени сме и понатаму да соработуваме со Албанија за клучните реформи. Време е за конкретни резултати во борбата против криминалот и корупцијата – се истакнува во соопштението.
Инаку, во пресрет на Самиот на ЕУ холандскиот Парламент го блокираше отворањето на пристапните преговори на Албанија со Европска унија.
Повеќе од половина од пратениците, 76 од 150, вклучувајќи ги и оние што ја поддржуваат Владата на премиерот Марк Руте, го блокираа почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ поради сериозна загриженост во врска со борбата против криминалот и корупцијата.