Грција прави зајакнати напори за да ги исполни минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, иако сè уште заостанува во оваа област, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе во 2018 година.
Во извештајот се тврди дека Грција покажала зголемени напори во текот на претходниот период преку воспоставување формални процедури и истраги и осудувања на трговците со луѓе.
Грчката Влада не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области, вклучувајќи проактивни напори за идентификација, особено за принудна работна сила и децата без придружба, се тврди во извештајот на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе.
Извештаите ги презентираа американскиот државен секретар Мајк Помпео и ќерката на американскиот претседател Иванка Трамп.