Грчките власти ги продолжуваат напорите за обновување на електричната енергија во областите на Халкидики, кои беа погодени од моќна бура во средата вечерта, во која загинаа седум лица и предизвика повреди на десетици други. Половина милион евра ќе бидат доделени како итна помош за општините Неа Пропонтида, Касандра и Ситонија, за да може штетите на инфраструктурата да бидат поправени веднаш..
Кризата е првиот вистински тест за владата на премиерот Киријакос Мицотакис, пишува „Катимерини“. Генералниот секретаријат за цивилна заштита и регионалните власти во северна Грција се во состојба на тревога од средата вечерта откако Националната метеоролошка служба предупреди за силни ветришта во централна и северна Грција.
По невремето на Халкидики беше прогласена вонредна состојба. Мицотакис ги откажа сите планирани состаноци за да може да биде во постојан контакт со ресорните министри.