БУГАРИЈА

Доколку сега се одржат парламентарните избори во Бугарија, коалицијата предводена од ГЕРБ на Борисов би добила 22,5 отсто од гласовите, а БСП – 16,1 отсто, Демократска Бугарија е трета со 15,8 отсто, Има таков народ на Слави Трифонов е четврта со 15,5 отсто, по што следуваат партијата на Турците – Движењето за права и слободи со 11,9 отсто, а последни што би го исполниле цензусот е Стани, Бугарија! Доаѓаме! со 4,8 отсто. Ова се резултатите од најновата анкета на „Галуп“, доколку изборите за Националното собрание на Бугарија би се одржале сега.
Истражувањето е спроведено од 2 до 10 септември, лице в лице, на примерок од 1.007 граѓани. Истражувањето е спроведено пред поранешните привремени министри Кирил Петков и Асен Василев да ги објават своите намери да се кандидираат на изборите. Двајцата се меѓу политичките фигури во Бугарија со личен рејтинг со најбрз раст.
Бојко Борисов според оваа анкета има поддршка од 15,1 отсто (што е историски минимум за него). За разлика од него, Кирил Петков има рејтинг од 33,8 отсто, со што меѓу политичарите е со најголема доверба. На врвот е Румен Радев, кој ужива доверба од 65,5 отсто од анкетираните овој месец.