Србија ја повика Албанија да ја преиспита својата позиција за независноста на Косово.
Српската премерка Ана Брнабиќ испратила две писма до својот албански колега Еди Рама, барајќи од него да го искористи „негово влијание во Приштина“, со цел Косово да ги спроведе меѓународните договори, меѓу кои и да се откаже од војската и 100-отстотниот данок за српските производи.
Првото писмо е од 16 ноември и е напишано со јазик, во кое Брнабиќ се жали на она што таа го нарекува притисок и криминал против нејзиниот народ, кои „продолжуваат постојано и се закануваат да се засилат понатаму“.
– Бидејќи ја признавте т.н.Република Косово како независна држава, барам да го искористите вашето влијание врз Приштина за да се однесува во согласност со меѓународните договори и закони. Ако, спротивно на вашето влијание, тие продолжуваат да ги кршат меѓународните договори Ве молам да ја разгледате вашата позиција за поддршка на независноста – пишува во првото писмо Брнабиќ.
Шест дена подоцна, како што пренесува тиранската телевизја Топ чанел, без да добие одговор на „писмото со патетичен тон, каде што Албанците и владата на Косово се обвинуваат за лажни факти“, српската премиерка се обраќа до Рама со второ писмо.
-Во ова писмо, Брнабиќ, со посмирен тон и економски аргументи, зборува за последиците од данокот за српските стоки и за штетата што се нанесува на бизнис климата во Западен Балкан. Таа повторно бара од Рама да го искористи влијанието и довербата кои кон него ги имаат институциите на Косово, да ги укинат овие мерки и потсетува на фактот дека Србија нема да презема реципрочни мерки, ја пренсува телевизјата како екслузивна вест.
Конечно, одговорот доаѓа две недели подоцна, во писмо во кое албанскиот премиер ја потсетува српската колешка за злосторствата на нејзината држава во Косово, признавањата и напредокот на Косово по војната.
-Драга колешке. Едноставно е невозможно за мене да го разберам вашиот повик „да ја разгледаме нашата позиција за поддршка на независноста” … Ставот на Албанија е дека Косово е независна и суверена држава, која самостојно ги носи сопствените одлуки, кои Србија и другите треба да ги почитуваат како одраз на суверената волја на народот на Косово преку демократски избрани лидери – пишува Рама во одговорот од трети декември.
Рама ја потсетува Брнабиќ на нејзините обврски, заедно со претседателот Александар Вучиќ,дека се согласиле да постигнат помирување преку регионална соработка, која вие ,наведува Рама, ги прекршивте со пречките што ги поставувате на Косово за членство во меѓународни организации, како ИНТЕРПОЛ или УНЕСКО.
-Албанија го поддржа дијалогот Косово-Србија, предводен од Европската унија. Но, не можеме а да не кажеме дека под маската на дијалогот, Србија презеде непријателски пречки и дејства против Косово, кои се штетни за духот на сеопфатна регионална соработка, што не и прилегаат на земја кандидат за ЕУ. Ние веруваме дека следејќи го патот на дијалог, со искреност и реализам, ќе биде единствената успешна алтернатива за постигнување обврзувачки и одржливи решенија за двете страни, како и за мирот и стабилноста во регионот- нагласува Рама во одговорот до Брнабиќ.