Голем пожар избувна крај Атина при што властите наредија евакуација на околните места. Пожарот во преградието Пеанија источно од Атина брзо се шири и од главниот град може да се забележи чадот.
Туристичкиот камп и околните куќи на островот Елафонисос, на југот во Грција, се евакуирани втор ден по ред, бидејќи пожарот што изби зема замав поради силниот ветер.Властите синоќа соопштија дека пожарот е под контрола, но ветровите повторно го распалија.
Пожарот го гасат 90 пожарникари со помош на шест авиони и три хеликоптери.
На Елафонисос живеат околу 350 луѓе, но за време на летната сезона островот го посетуваат околу 3.000 туристи.