Од зградите во центарот на Атина властите иселија 143 странски државјани, од кои 56 се малолетници, како и еден Грк, пренесе АНА.
Според полицијата, во новата рација пронајдени се 61 маж, 26 жени и 56 деца од разни земји – Египет, Авганистан, Еритреја, Ирак, Сирија, Иран и Судан, кои живееле во таа зграда повеќе од четири години.
Полицијата задржала 10 мигранти зашто немале документи за престој во Грција, а преостанатите ќе бидат пренесени во прифатни центри.
Гркот, кој е пронајден во зградата, е во полиција и е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир. Грчките власти на 19 септември иселија мигранти од две згради во централниот дел на Атина во кои четири години живееле 269 мигранти.