Премиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, изјави дека не постои можност да се одложат изборите, дури и ако се влоши ситуацијата со епидемијата на коронавирус, потенцирајќи дека Хрватска е во подобра состојба во споредба со другите земји коишто исто така имаат избори.
– Не. Нашата Влада, одговорно го тврдам тоа, го победи ковидот во првиот бран. Таа го победи, така што дури и денес, кога ќе ги погледнете податоците, ние сме меѓу трите земји на Европската Унија коишто имаат најмалку новозаразени и најмалку активни случаи – рече Пленковиќ, одговарајќи на прашањето дали постои можност да се одложат изборите доколку се влоши ситуацијата.
Во однос на другите, ние сме исклучително добри, ако се има предвид дека Франција го одржува вториот круг од локалните избори, а има повеќе од 500 нови случаи на ден, рече Пленковиќ за време на неговата посета на третата изборна единица.