Белград – Советот на Агенцијата за енергетика даде согласност цената на струјата за домаќинствата од први јануари да се зголеми во просек за 3,9 отсто. (Танјуг)
Софија – Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата земја никогаш не била заложник на притисоците кога станува збор за протерување на руските дипломати, а последното протерување на еден дипломат од Русија е поради шпионажа. („Спутник“)
Требиње – На подрачјето на источна Хрватска деновиве е зголемен бројот на мигрантите, кои го користат убавото време за да пристигнат на територијата на Хрватска, но кои поради големиот и непристапен терен не е лесно да се откријат. („Независне“)
Сараево – Претседателот на бошњачката Партија на демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, изјави дека БиХ нема да влегува во НАТО ако тоа не го сакаат Србите и Република Српска. („Аваз“)
Бисер балкански
Синдромот Санадер
– Нивните жиро-сметки се дебели, имаат вили и разни бизниси во сенка. Зошто тие би сакале во ЕУ? Тие се плашат од синдромот Санадер. Замислете да го воведеме Поглавјето 23/24. Половина од нив можеби ќе завршат во затвор. Тие не сакаат во ЕУ. Сето тоа е обична лага и приказна. Значи, ако се знае тоа, тогаш народот конечно мора да пронајде алтернатива. Единствено ако и на народот не му одговара тој систем. И тоа е прашање. На многумина во тој систем очигледно им е комотно. Не мора да размислуваат. Некои таму работат како чиновници, па заработуваат и на црно и фино живеат. Зошто некој би се трудел и мачел ако може да живее комотно. Тоа е општествен проблем и со тоа мора да се позанимаваат младите. Бидејќи на крајот нема да можат сите да заминат надвор – Јосип Јуратовиќ, пратеник во германскиот парламент, задолжен за односи со земјите од Југоисточна Европа, со потекло од Хрватска.