Земјотрес попладнево ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во западниот дел од земјава и во Скопје.
Земјотресот е со епицентар во Драч, со интензитет од 5.8 степени и на длабочина од 10 километри во Јадранското Море.
Набрзо по него, беше почувствуван уште еден послаб земјотрес од 5.3 степени.