По одлуката на косовската Влада да ги зголеми царините за производи од Србија и Босна и Херцеговина за десет отсто, Европската комисија денеска побара итно објаснување и повлекување на мерката, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Бараме итно објаснување за зголемувањето на царините врз увози од Србија и Босна и Херцеговина, рече Маја Коцијанчич, додавајќи дека овие мерки јасно ги нарушуваат обврските на Косово.
Од Косово, кое претседава моментално со ЦЕФТА, се очекува да ги повлече мерките, истакна Коцијанчич.
– Оваа одлука ја поткопува регионалната соработка и не е согласно договорот за стабилизација и асоцијација на Косово, додаде таа.