Европскиот комитет за спречување на тортура при Советот на Европа ги критикуваше условите за сместување на мигрантите во некои центри за притвор во Грција.
Тие изразија загриженост за постојаните обвинувања дека Грција нелегално ги враќа мигрантите кои доаѓаат од Турција.
Во својот нов извештај, ова тело на Советот на Европа наведува дека сегашниот пристап на Грција кога станува збор за притворање на мигранти мора да се промени и ги повика грчките власти да го реформираат системот за притвор за имиграција.
Извештајот се заснова на посета на европски претставници на Грција во средината на март, кога илјадници мигранти од Турција се обидоа да влезат во земјата.
Грчката влада потоа ги затвори границите и привремено го прекина барањето за азил, пишува АП.
Постојат посебни забелешки за условите во притворските центри во регионот Еврос во близина на границата со Турција и на островот Самос, каде што камповите се преполни.
Условите во овие установи се еднакви на „нехуман и понижувачки третман“, се наведува во извештајот и се додава дека Грција, со поддршка на ЕУ, мора да воспостави систем за притвор за имиграција во согласност со европските вредности и норми.