Грчкото воено воздухопловство денеска информираше дека борбен авион од типот „Мираж 2000-5“ се урнал во близина на островот Скирос.
Според грчкиот весник „Катимерини“, се работи за еден од двата авиона кои биле испратени да пресретнат турски борбени летала над Егејско Море.
Весникот понатаму наведува дека се верува оти не дошло до непријателско соочување, но сė уште нема официјална потврда за причината за уривањето на грчкиот воен авион.
Бродови на грчката морнарица го пребаруваат местото на инцидентот, во потрага по пилотот.