Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Брисел, каде што се сретна со високи претставници на Европската Унија, а се обрати и пред Амбасадата на Србија во Брисел. Вучиќ рече дека се воделе разговори за важни прашања, за кои тој зборувал директно.
– Ми се чини дека имавме многу важен разговор. Една од основните работи во нашата политика мора да биде забрзувањето на европските интеграции, за кои денес разговарав со високи претставници на ЕУ – рече тој.
Тој најави продолжување на дијалогот и забрзување на европската интеграција на Србија.
– Очекуваме продолжување на дијалогот наскоро, пред тоа на Самитот ќе присуствуваат претставници на двете држави важни за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и за нашата интеграција. Мислам дека суштината на Србија и ЕУ е како да се забрза европскиот пат на Србија, но и како да добие гаранции од ЕУ дека ако ги исполни условите, ќе добие зелено светло за во Европа – рече тој.
Вучиќ очекува дека до 2026 година Србија ќе стане членка на Европската Унија.
– Убеден сум дека влегуваме во новата фаза на односи со ЕУ со оптимизам. Верувам дека ќе ги завршиме преговорите со ЕУ до крајот на мандатот на новата влада, што значи дека би било реално да станеме членка на ЕУ до 2026 година. Ова е моето мислење, мојата надеж – рече тој.
Вучиќ посочи дека очекува разговорите со Приштина да продолжат за две до три недели. Тој пренесе дека разговарал со официјалните претставници на ЕУ за ситуацијата во Приштина, што може да се очекува и кои се нивните услови. Тој посочи дека разговарал и со претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак за сите важни теми и дека сега, по посетата на Белград, секојдневно има комуникација.