По одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да стави крај на нелегалните портали, Агенцијата за електронски комуникации на Албанија (АКЕП) објави список на порталите кои постои опасност да бидат затворени доколку не се регистрираат во Централниот регистер.
– На списокот се многу познати портали во земјата и повеќето од нив однесувањето на премиерот Рама го оценуваат како кршење на правото на информирање и слобода на медумите во Албанија – наведуваат албанските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА, попладнево АКЕП соопшти дека во рок од 72 часа сопствениците на порталите треба да се регистрираат оти тоа може да го направат и на електронската адресата на Нацоналниот централен регистер.
По истекот на дадениот рок, АКЕП ќе го затвори секој портал кој нема да биде запишан во регистерот.
– АКЕП во согласност со важечките законски одреди ги информира сите субјекти кои функционираат како онлајн портали дека треба во рок од 72 часа да се регистриран во регистарот на информативниот систем. Во спротвно по овој рок тие ќе бидат затворени – стои во соопштенето на АКЕП.
Меѓу порталите на кои им се заканува затворање се агенцијата Ботасот.инфо, Ноа.ал, Лајми.нет, Албпрес и Инсајдер.
Познатиот новинар и публицист Кастриот Мифтарај смета дека целта на Рама е преку порталите да затвори дел од телевизите.
– Пртисокот врз порталите е всушност притисок и врз телевизиите бидејќи премиерот кога вели портали тој мисли на телевизиите за да може да владее во мир – оценува Мифтарај.
Тој додава дека за дури 70 отсто од вестите кои ги објавуваат порталите извор се телевизиите.