Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што завчера ја погоди Албанија се зголеми на 46.
Според Mинистерството за здравство, во болниците медицинска помош добиле над 790 лица во Драч и Клиниката за трауматологија во Тирана.
Спасувачката акција е завршена во Туман и кај шесткатницата во Драч.
Националната ургентна служба одговорила на 4.411 повици за помош уште од моментот на земјотресот што се случи неколку минути пред четири часот наутро на 26 ноември и извршила 1.106 мисии на брза помош.
Мнстертвото за одбрана потврди дека на терен сѐ уште се над 5.000 припадници на албанската армија, полицијата, лекари, медициски сестри, вработен во локаланата самоуправа и волонтери.