Самитот на Кина со земјите од Централа и Источна Европа има за цел да ја зајакне Европа и да им овозможи на помалку развиените членки на ЕУ да ги достигнат поразвиените, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на отворањето на Седмиот самит на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа (16 плус 1).
– Со дополнителните финансии од Кина можеме да ги завршиме заедничките проекти, кои во моментов не се на агендата на ЕУ, порача Борисов, нагласувајќи го притоа големиот развоен потенцијал на Западниот Балкан.
На собирот во Софија, покрај домаќинот Борисов, присуствуваат и кинексиот премиер Ли Кечијанг, како и претседателите на владите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.
Кинескиот премиер Ли во обраќањето на стартот на собирот порача дека Самитот „16 плус 1“ нема за цел поделба на Европа, туку создавање можности за развој.
– Овој процес на соработка треба да биде транспарентен, преку отворени порцедури и под рамноправни услови, за да може Кина да учествува во проекти во регионот, истакна Ли.
Според него, во услови на споро заздравувње на глобалната економија, соработката меѓу Кина и земјите од Источна и Централна Европа бележи огромен напредок, па затоа Пекинг ќе го охрабри воспоставувањето на нови канали за заедничко финансирање на проекти во рамки на иницијативата „16 плус 1“.
– Клучно при тоа е отворањето на кинескиот пазар за инвестиции и стоки. Ќе ги намалиме царините и ќе ги искористиме условите за економси раст, додаде Ли.
Предвидено е во рамки на Самитот да бидат потпшани 18 документи, вкучително и заедничка декларација за унапредување на соработката во сферата на интернет трговијата и меѓубалканската соработка. сп/ 13:53