По повод 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, се огласи новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.
– Денеска се придружувам на меѓународната заедница и на народот на Босна и Херцеговина во одбележувањето на 25-годишнината од Дејтонскиот договор, со што заврши најлошиот конфликт на европскиот континент од Втората светска војна. Денес ги славиме напорите на мировниците, но воедно и жалиме за загубата на околу сто илјади животи и раселувањето на уште милион – изјави Бајден, а пренесува сараевскиот протал „Кликс“.
Тој додаде дека Дејтонскиот договор донел мир во Босна и Херцеговина и ги потврдил нејзиниот суверенитет, територијален интегритет и независност.
– Сепак, четвртина век подоцна, јасно е дека работата за унапредување на правдата, помирувањето и функционална мултиетничка Босна и Херцеговина останува недовршена. Често гледавме како национализмот го победува националниот интерес, односно богатање на неколкумина кое доаѓа пред реформите кои би биле во корист на стие. Оваа годишнина е приолика сите страни да размислат за можноста за посветла иднина и поторно да се одлучат на тешки, но неопходни чекори за изградбата на целосно функционална Босна и Херцеговина за сите нејзини граѓани – додаде Бајден.
Тој заклучи дека, како претседател, очекува да работи со меѓународната заедница и народот на Босна и Херцеговина за конечно да го исполни ветувањето содржано во Дејтонскиот договор – просперитетна, праведна и демократска Босна и Херцеговина во срцето на Европа, слободна и во мир.