Во косовскиоот рудник за јаглен „Трепча“ попладнево останале заглавени 120 рудари од првата смена, поради прекин на снабдувањето со електрична енергија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста за порталот „Газета експрес“ ја потврди директорот на рудникот, Енис Абдурахмани, кој изјави дека дефектот настанал поради удар на гром, кој уништил неколку изолатори во електричната мрежа на рудникот.
Тој информира дека состојбата на рударите е добра и дека се очекува набргу да бидат извлечени.
– Во соработка со екипите на Енергетската корпорација (КЕСКО) правиме напори за санирање на проблемот. За триесетина минути ќе го средиме дефектот и ќе ги извлечеме рударите со лифт. Тие се заглавени во 11-тиот, 10-тиот и 9-тиот хоризонт. Нивната состојба е добра – изјави Абдурахмани.