Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево е примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, јави МИА од Белград.
На Вучиќ ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побарал медицинска помош и по прегледот е донесена одлука да се врати во Србија. Поради тоа, не можеше да се појави на главните настани за кои дојде во САД.
Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Таа изјави дека здравствената состојба на шефот на државата Александар Вучиќ, кој го прекина престојот во Флорида и попладнево се врати во Белград, е сериозно нарушена.
Вучиќ бил примен на Военомедицинската академија, каде што го пречекале министерот за здравство Златибор Лончар и Драган Динчиќ, поранешен лекар на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, објави „Блиц“.
Брнабиќ изјави дека била планирана средба меѓу Вучиќ и американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида.