Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во видео порака објавена на својот Инстаграм профил порача дека луѓето можат без грижа да ги чекаат зимските празници и Божиќ, а за Србија нема да има зима. Тој порача дека се оди добро, а на Србија ќе и биде доста од се.
– Се обезбедивме на време. Купивме милијарда евра за да имаме многу злато. Нашиот јавен долг е на ниско ниво, подобар од над 92 отсто од земјите на ЕУ, на 55 отсто сме во однос на бруто домашниот производ – рече тој.
Тој додаде дека луѓето не треба да се грижат за тоа бидејќи „платите, пензиите, сè расте, инфлацијата запре, сè ќе се случи, сè“.
Вучиќ посочи и дека „народот гледа кој се бори“, и дека „не можеш да го натераш народот да се согласи“.
– Народот ја гледа емоцијата, народот ја гледа борбата, народот гледа кој и колку работи. Народот ги гледа резултатите – рече српскиот претседател.