Фото: ЕПА

Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Аце Мартиновиќ од Цетиње, кој е осомничен дека вчера во Црна Гора убил 12 сограѓани и ранил четворица.

Покрај муницијата пронајдена во неговите џебови, во шаржерот на пиштолот, неофицијално дознава „Вијести“, биле пронајдени и неколку куршуми со калибар 9 милиметри.

Мартиновиќ вчера злосторството го започнал во ресторанот „Велестово“ во близина на Спортскиот центар во Цетиње. По инцидентот меѓу него и гостин, тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица.

Потоа ги убил членовите на неговото семејство и две деца на возраст од 10 и 13 години на три познати локации. Откако полицијата го опколи, тој се застрела и почина при транспортот до Клиничкиот центар.