Најмалку 15 часовници „Ролекс“ биле украдени од продавницата за скапи рачни часовници во строгиот центар на Атина во вооружениот грабеж што се случи кусо пред 11 часот утрово, јави дописничката на МИА од Атина.
Четворица маскирани лица, под закана со оружје, најпрво го удриле и совладале лицето задолжено за обезбедување на продавницата, кој е полесно повреден, а потоа со пиштолот им се заканиле на вработените, со помош на чекан ги скршиле заштитните стакла, ги одзеле скапите часовници и побегнале.
Според грчките медиуми, одзеле најмалку 15 рачни часовници „Ролекс“, а побегнале со два мотора.
Полицијата трага по сторителите.
Продавницата на „Ролекс“ во Атина се наоѓа во строгиот центар на градот, а вооружениот грабеж се случи во време на зголемена раздвиженост на Грците.