Фото: Веб-страна на Косовска полиција

Косово

Поранешниот косовски претседател и еден од лидерите на ОВК, Хашим Тачи, вчера пред Специјалниот суд се изјасни како невин за новите обвинувања од потврдениот дополнет обвинителен акт, објавено е на сајтот на Специјализираните совети.
Четворицата водачи на поранешната Ослободителна војска на Косово, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, вчера беа изведени пред Трибуналот за злосторства на ОВК во Хаг, за да се изјаснат за новите наводи во проширеното обвинение што ги товари за злосторства против Албанците, Србите и Ромите на Косово и Албанија во 1998-1999 година. Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи посебно ќе бидат изведени пред судијата по претходна постапка Николас Гију, се наведува на веб-страницата на судот. Обвинението, кое сè уште има 10 точки, е проширено за наводи за злосторства на ОВК во селата Будаково, Семетиште, Сува Река и Гнилане.
Судењето на Тачи и другите обвинети, како што пренесува Радио Слободна Европа, сѐ уште не е закажано, а неизвесно е дали судењето би можело да биде отворено до крајот на оваа година.