Џонатан Фајнер, заменик на советникот за национална безбедност во Белата куќа нeодамна се сретна со Олта Џачка, министерка за надворешни работи на Албанија, повторно истакнувајќи ја итната, значајна и продолжителна подршка на САД за албанските напори да се зајакне кибер безбедноста, изјави Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за бебедност на претседателот Џо Бајден.
– Поддршката на САД за албанските напори да се зајакне кибер-безбедноста е во лицето на повторните, подривачки кибер напади на Иран – рече Кирби синоќа на прес-брифинг за странските дописници во Вашингтон.
Фајнер исто така го изразил задоволството на САД од цврстата соработка меѓу САД и Албанија.
– Задоволството од заедничката сорботка на глобални прашања, вклучувајќи ја заедничката работа како сојузници во НАТО и лидерството на Албанија како (непостојан) член на Советот за безбедност при ОН, коподготвувач со САД на резолуцијата на ОН за осуда на руската инвазија на Украина – рече Кирби.