Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека руските безбедносни служби имале информации за подготовка на немири во Србија.
Ана Брнабиќ потсети дека уште пред изборите предупредила оти дел од опозицијата ќе се обиде да ги оспори изборните резултати и да ја преземе власта во Србија со насилни средства, што кулминираше со напад на градското собрание во Белград.
Брнабиќ им се заблагодари на руските безбедносни служби кои ги споделиле информациите до кои дошле.
– Веројатно нема да биде популарно Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да застанам во одбрана на Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа тие информации и ги споделија со нас – рече Брнабиќ.
Српските државни власти потоа ја споделија таа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлија како руска дезинформација.
– Сите останати велеа дека тоа е дистрибуција на лажни вести – рече Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ коментирајќи ја средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Харченко.