Косово

Високата побарувачка за електрична енергија во Косово може да го загрози снабдувањето со електрична енергија во регионот, но и пошироко во Европа, соопшти Европската мрежа на оператори на преносни системи (ЕНТСО-Е).
– Операторите на преносните системи во регионалната групација ЕНТСО-Е за континентална Европа (РГЦЕ) го повикуваат косовскиот оператор за дистрибуција на електрична енергија КОСТТ да одржува рамнотежа во својот национален електроенергетски систем, што е суштинска договорна обврска за другите оператори на преносни системи во континентална Европа – наведува ЕНТСО-Е.
Во извештајот на Европската мрежа на оператори и преноси на струја се вели дека во Европа има проблем со зголемувањето на цените на гасот и електричната енергија, делумно поради зголемената побарувачка во услови на економско закрепнување од пандемијата. Сепак, ситуацијата во Косово се проценува дека е особено драматична поради ниското домашно производство, но и поради технички дефекти и студеното време, што го прекина производството во електроцентралите, принудувајќи го Косово да увезува многу повеќе енергија од вообичаеното.