Фото: Принт-скрин

Во периодот меѓу ноември и декември годинава во Грција биле потврдени 18 случаи на мпокс (мајмунски сипаници), соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) и посочи дека ширењето на вирусот продолжува како во земјата така и на меѓународно ниво, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ информираа дека мпокс е генетски вирус сличен на сипаници, но помалку заразен и предизвикува поблаги симптоми, а од човек на човек се пренесува преку контакт со кожни лезии и телесни течности на заразениот и/или контаминирани предмети, како и преку респираторни капки по подолг близок контакт на кратко растојание. Тие посочија дека мпокс, „врз основа на постоечките епидемиолошки податоци во Грција, главно се пренесува сексуално“.

Дополнително, од Националната организација за јавно здравје на Грција потсетија дека во земјата постојат центри за вакцинација во Атина, Солун, Александруполи, во Патра и на островот Крит.