Фото: Пиксабеј

Ученик во трета година во Текстилното училиште од Лесковац починал откако денес бил претепан околу 14 часот во близина на Хемиското училиште, пренесе „РТС“.

Како што изјавил за „РТС“ д-р Небојша Димитријевиќ, директор на Општата болница во Лесковац, во Ургентниот центар младото момче родено 2007 година било однесено без свест, без пулс, и со со немерлив крвен притисок.

– Веднаш беше започната интензивна реанимација, но за жал во 15 часот и 45 минути настапи смрт – изјавил д-р Димитријевиќ.

Обдукцијата треба да ја утврди причината за смртта.

Како што неофицијално пренесува „РТС“, ученикот А.И. бил претепан од две момчиња со метални шипки. За потребите на истрагата, полицијата не соопштува повеќе детали.

Според директорот на Центарот за социјална работа, Предраг Момчиловиќ, младиот човек десет години е во згрижувачко семејство во Лесковац, а е од околината на Лесковац.