Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека се надева оти парламентот во Софија следната недела ќе донесе одлука за испраќање воена помош за Украина.
– Не можеме да бидеме рамнодушни. Не можеме да кажеме дека ова е украински проблем, не можеме да кажеме дека некои луѓе умираат без да се интересираат за тоа – изјави Петков за време на посетата на украинскиот град Бородјанка.
Бугарија изнајде итар начин како да се држи настрана од вооружувањето на Украина
Тој го критикуваше аргументот на некои политичари во Бугарија кои тврдат дека неиспраќањето воена помош за Украина ќе придонесе за побрз мир.
– Ако ова е цената на мирот, ако руската држава продолжи да пука и никој не може да се одбрани, дали е ова мирот што го сакаме? – додаде тој.