Србија
Изминатиот викенд во Ниш беше пуштен во употреба гасниот интерконектор Србија – Бугарија, инфраструктурен проект стратегиски важен за Србија и за Европската Унија, кој ќе обезбеди снабдување со гас од Азербејџан. Интерконекторот, кој ги поврзува Србија и Бугарија од Ниш до Софија, е долг 170 километри, српската делница има 109 километри, а капацитетот му е 1,8 милијарда кубни метри годишно, што освен енергетска безбедност на Србија, ќе овозможи и дополнително снабдување на земјите од Источна и од Централна Европа.
Вкупната вредност на интерконекторот е 85,5 милиони евра, а изграден е со донација од Европската Унија од 49,6 милиони евра, додека Србија дел од гасоводот на својата територија го финансирала со дополнителни 25 милиони евра кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ).
На церемонијата на пуштањето на гасниот интерконектор Србија – Бугарија, српскиот претседател Александар Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција и кон Македонија.