Осомничените за убиството на малата Данка Илиќ во Бањско Поље, С.Ј. и Д.Д. се донесени во зградата на Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Пред зградата има голем број полицајци кои го обезбедуваат влезот, објави Телеграф.
Вчера по наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар, ОЈО Бор вчера им одреди мерка притвор поради постоење основи на сомнение дека на 26 март му го одзеле животот на детето Данка Илиќ.
Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.
Данка Илиќ исчезнала на 26 март кога со мајка си дошла на семејниот имот кај Бор. Поради исчезнување на двегодишно девојче, за првпат беше пуштен во употреба системот „Најди ме“.
Десет дена се трагаше по Данка додека не беа уапсени двајцата осомничени за убиството.