Многумина во Копенхаген и во Приштина задоволно ги тријат рацете во очекување на почетокот на реализацијата на проектот со кој се предвидува од Данска во Косово да се носат затвореници на издржување казна. И на двете страни има луѓе што на сето ова гледаат како на вносен бизнис, пишува меѓу другото „Спутник“ на оваа тема. Ако во Приштина има луѓе што однапред ги бројат парите што очекуваат да ги заработат, и Данците имаат свои сметки, се вели во коментарот. Во оваа трансакција има Данци што би сакале да испратат затвореници на издржување на казната во институции за извршување кривични санкции на територијата на Косово. Затоа веќе изнајмиле 300 затворски ќелии во Гнилане. Демек, данските затвори се преполни, немаат каде да одат со осудените, се вели во коментарот.
Ни од крајно необичниот договор
За Албуљен Хаџија нема дилема: „Имаме доволно капацитет да сместиме затвореници, а условите и институциите се оценети како веродостојни и сѐ е подготвено за префрлување на осудените во соработка со Данска“.
Данскиот министер за правда Ник Хакеруп сè уште се надева дека аранжманот „ќе му овозможи на Косово да инвестира во затворскиот систем и да го подобри својот капацитет кога станува збор за владеењето на правото“.
Сепак, зад овој договор се крие нешто сосема друго. И поради тоа „другото“ никој не сакаше да влезе во таков „бизнис“ со Данска. Освен властите во Руанда, со кои разговарале за обработката на барањата за „дански азил“ во таа африканска земја (што звучи уште поневеројатно од приказната од Косово!). И нивните колеги Албанци од Приштина на споменатата тема, секако.
Постои можност објектите да бидат под управа на Данска и да подлежат на данските закони, дури и за најмал проблем. Имено, Данците се соочуваат со „бранови мигранти“ што во земјата пристигнале во претходните години. И покрај обидите да се покаже дека ситуацијата е „под контрола“, работите постепено „излегуваат од контрола“.
Меѓу најпопуларните политички фигури во земјата е Ингер Стојберг, поранешната министерка за имиграција и интеграција. До неодамна поради тоа што беше отпуштена, а потоа во декември 2021 година беше осудена на 60 дена затвор за непочитување на Законот за одговорност на министрите.
Разделување на мигрантските парови
Споменатата Ингер Стојберг, поранешната министерка за имиграција и интеграција, е обвинета за „разделување на мигрантските парови“, поточно „сопружници“. Впрочем, министерката побара малолетните мигранти, на возраст од 14 до 17 години, да бидат сместени одвоено од возрасните мигранти што се претставувале како нивни сопрузи или навистина биле тоа. Написите во медиумите наведуваат поединечни случаи, вклучувајќи и дека 15-годишна жена била мажена за 32-годишен маж. Стојберг тврдеше дека станува збор за „одвратен феномен на детски невести“, кој се манифестира и во „купувањето невести“ и дека нејзината одлука помогнала да се заштитат малолетните девојчиња (во некои случаи и помладите малолетници). И тоа таква заштита што не можеа да ја уживаат во нивните матични земји. Залудно ја обвинуваа дека постапила спротивно на членот 8 од Европската конвенција за човекови права.
Случајот со данската политичарка предизвика „лавина реакции“, ја актуализира „мигрантската тема“ и го принуди раководството на земјата да реагира поагилно. Една од поагилните реакции е закупот на затворските ќелии во Гнилане. Во затворите на Косово на издржување на казната нема да бидат праќани Данци, односно државјани на оваа земја, туку мигранти што го прекршиле законот. По отслужувањето на казната, се очекува да ги вратат во земјите од каде што потекнуваат. Копенхаген ќе може да го видат само на разгледница!
Одговарајќи на критиките на активистите за човекови права, споменатиот министер за правда даде образложение: „Направивме сѐ што можевме да биде во согласност со законот“. Ќе важат точно истите правила како и за затворите во Данска. „Депортираните осуденици сè уште имаат право на посета, иако тоа, се разбира, ќе биде тешко. Ќе биде тешко!? Нема да биде тешко, ќе биде невозможно“, се вели меѓу другото во коментарот.