Хрватска
Американскиот носач на авиони „Хари Труман“, кој кон крајот на минатата недела вплови во хрватскиот дел на Јадранот кај Сплит, ненадејно ги напушти хрватските води. Наместо во вторник наутро, „Труман“ исплови во понеделникот вечерта, а тоа претходно околу 21 часот го направи норвешката фрегата во негова придружба, која се упати низ Сплитската порта понатаму кон отворено море, додека самиот носач ја користеше маршрутата околу островот Дрвеник два часа подоцна, пренесуваат хрватските медиуми.
Нема официјална најава за раното напуштање на бродот на хрватските води, како и одговор на прашањето дали овој потег е поврзан со растечката ескалација на односите меѓу САД и Русија во однос на ситуацијата во Украина, остануваат во дилема медиумите во недостиг од официјални информации. Тие се повикуваат на неофицијални најави, според кои, можеше да се чуе дека „Труман“ ќе продолжи да плови некаде во Медитеранот.
Инаку, во понеделникот, американскиот носач на авиони го посетија премиерот Андреј Пленковиќ и тројца хрватски министри.