Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, денеска оцени дека смирувањето на тензиите на северот на Косово претставува „мала дипломатска победа“ за Србија.
По отстранувањето на барикадите од северот на Косово, Вучевиќ рече дека „добро е што по долго време Србија не мораше ништо да даде“, но, според неговите зборови, доби дополнителни документи кои „донекаде“ ја гарантираат безбедноста на Србите, јави Бета.
-Треба да бидеме задоволни, не претерано… Никој од нас нема илузија дека се е решено со ова, но јас мислам дека постигнавме мала дипломатска победа- изјави тој.
Вучевиќ додаде дека не е оптимист по однос барањето на Белград за враќање на дел од српските безбедносни сили на Косово.